Лидерите на големите европски компании гледаат сѐ помалку причини за инвестирање во Европа

Извршните директори на големите европски компании се помалку песимистички настроени во прогнозите за економијата на Стариот континент, но покажуваат поизразен оптимизам во планираните инвестиции во САД, според анкета на здружението ERT објавена во недела.

Извршните директори на големите европски компании се помалку песимистички настроени во прогнозите за економијата на Стариот континент, но покажуваат поизразен оптимизам во планираните инвестиции во САД, според анкета на здружението ERT објавена во недела.

Бизнис лидерите веруваат дека има се помалку причини за инвестирање во Европа и дека Европската Унија е премногу бавна во спроведувањето на потребните реформи, според анкета во која учествувале околу 60 извршни директори и претседатели на компании како што се ASML, BASF и Vodafone.

Околу 38 проценти од испитаниците изјавиле дека би инвестирале помалку во Европа отколку што планирале шест месеци претходно, односно дека ја ставиле одлуката за инвестирање на чекање.

Само осум проценти од нив имаат намера да ги зголемат своите инвестиции во Европа.

Дури 45 проценти од испитаниците наведуваат дека имаат намера да инвестираат повеќе во Соединетите Американски Држави.

Бизнис лидерите сакаат реформите што минатата година ги препорачаа поранешниот шеф на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги и Енрико Лета, двајцата поранешни италијански премиери, заклучувајќи дека ЕУ треба итно да преземе конкретни чекори за да биде поконкурентна и да биде во чекор со САД и Кина.

Мнозинството испитаници изјавија во анкетата дека не го забележуваат позитивното влијание на иницијативите на ЕУ што треба да ги поедностават регулативите, да го комплетираат единствениот пазар, да обезбедат попристапна енергија и да ја прилагодат политиката за конкуренција на пазарот.

Анкетата беше објавена непосредно пред состанокот на министрите од 27-те земји-членки на ЕУ во понеделник, на кој треба да се разговара за конкурентноста, поедноставувањето на регулативите и внатрешните пречки во рамките на единствениот пазар на ЕУ, пишува Форбс.ме.