Меџити контра премиерот: Ќе го поддржи протестот за поддршка на екслидерите на ОВК во Скопје
Градоначалникот на Чаир и лидер на владејачката Демократско движење Изет Меџити рече дека во принцип го поддржува протестот за поддршка на поранешните водачи на косовската ОВК зачажан за 13 декември во Скопје. Тој како градоначалник на Чаир, општина каде протестот треба да се оддржи рече дека ќе даде согласност за негово одржување.

Претходно Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е погрешен потег на лидерот на ДУИ, Али Ахмети што го најави протестот во поддршка на поранешните лидери на ОВК, на кои им се суди во Хаг, за 13 декември во Скопјe.
Мицкоски изјави дека смета оти Ахмети треба да ја преиспита таа одлука.
„Со овој протест, тие се обидуваат да се мобилизираат пред партискиот конгрес, но само ќе докажат дека ќе им биде многу тешко да најдат коалициски партнер во иднина. Јас не ја поддржувам таа идеја и не се согласувам со тој протест. Убеден сум дека ниту ВЛЕН нема да го поддржи“, рече Мицкоски.