
Чествување на празникот „Св. Климент Охридски“
Пред споменикот на св.Климент Охридски во дворот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ ќе бидат положени венци свежо цвеќе по повод државниот празник посветен на светителот. Во чествувањето ќе учествуваат делегации од Кабинетот на Претседателот, Собранието, Владата, Генералштабот на Армијата, МПЦ-ОА, како и претставници на институции, дипломатскиот кор и политички партии.
Пред споменикот на Св.Климент Охридски во дворот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ ќе бидат положени венци цвеќе по повод државниот празник посветен на светителот.
Во чествувањето ќе учествуваат делегации од Кабинетот на Претседателот, Собранието, Владата, Генералштабот на Армијата, МПЦ-ОА, како и претставници на институции, дипломатскиот кор и политички партии.
Во Собранието денеска традиционално ќе биде доделена и државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година – највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.
Годинава, добитници на наградата се академик Витомир Митевски – за остварување во областа на воспитанието и образованието, а за остварување во областа на културата и уметноста наградата ќе ја добијат композиторот Живоин Глишиќ и ликовниот уметник Беди Ибрахим.