Витомир Митевски, Живоин Глишиќ и Беди Ибрахим добитници на наградата „Св. Климент Охридски“

Државната награда „Св. Климент Охридски“ претставува највисоко признание што се доделува за заслуги од јавен интерес во Република Северна Македонија.

Академик Витомир Митевски, филозоф и класичен филолог, композиторот Живоин Глишиќ и ликовниот уметник Беди Ибрахим се добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година.

На свеченоста што ќе се одржи на 8 декември во Кристалната сала на Собранието, Одборот за доделување на наградата ќе го врачи највисокото признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.

Академик Митевски ја добива наградата за своите придонеси во областа на воспитанието и образованието, додека Глишиќ и Ибрахим се наградени за значајни остварувања во културата и уметноста.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ претставува највисоко признание што се доделува за заслуги од јавен интерес во Република Северна Македонија.