Дурмиши во Берлин: Со новиот модел на финансиска поддршка од 2026 година, државата ги наградува квалитетните инвестиции

– Нашата цел е да изградиме економија што создава додадена вредност и нуди јасни, долгорочни услови за инвеститорите. Со новиот модел на финансиска поддршка што ќе стартува во 2026 година, државата ги наградува квалитетните инвестиции, отворањето работни места, технолошките центри и проектите што придонесуваат за регионален развој, истакнал министерот Дурмиши.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска во македонската Амбасада во Берлин учествуваше на панел дискусија посветена на можностите за странски инвестиции во земјава.

– Нашата цел е да изградиме економија што создава додадена вредност и нуди јасни, долгорочни услови за инвеститорите. Со новиот модел на финансиска поддршка што ќе стартува во 2026 година, државата ги наградува квалитетните инвестиции, отворањето работни места, технолошките центри и проектите што придонесуваат за регионален развој, истакнал министерот Дурмиши.

Посочил дека Германија останува еден од најзначајните економски партнери на Северна Македонија, додавајќи дека заедничката визија е да се зајакнат деловните врски, да се поттикнат модерни инвестиции и да се создадат нови можности за економски раст.

Министерот, како што соопшти ресорното Министерство, им се заблагодарил на организаторите и деловната заедница во Германија за континуираната поддршка, оценувајќи дека ваквите настани се важна платформа за градење доверба и нови партнерства.

Настанот бил организиран од Германско–македонскиот бизнис клуб (DNMBC) во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

На отворањето се обратиле и Гафар Вејсели, претседател на DNMBC, министерот за европски прашања Орхан Муртезани и амбасадорот на Северна Македонија во Германија, Илбер Села.

– Панелот обедини значајни имиња од економскиот и институционалниот сектор, меѓу кои и директорот на ДТИРЗ Гоце Димовски, поранешната гувернерка на НБРСМ Анита Ангеловска-Бежоска, претставници од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и германската делегација за индустрија за регионот, информираат од Министерството за економија и труд.