Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка
Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Оставката, како што информираат од Уставниот суд, е поднесена поради здравствени и лични причини.

Дабовиќ-Анастасовска за уставен судија беше избрана на 12 декември 2023 година и на местото доаѓа како професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој беше ставен во мирување поради изборот на функцијата судија.
Уставниот суд го сочинуваат девет судии. Претседателот го избира Судот од редот на судиите за време од три години, без право на повторен избор, додека судиите ги избира Собранието за време од девет години без право на повторен избор.
Со ова, Уставниот суд останува со седум судии, откако беше разрешена уставната судијка Елизабета Дуковска, а на нејзино место сè уште не е избран нов уставен судија.