
Од македонското Собрание потврдија дека ги имаат примено имињата на новите министри.
Беким Сали ќе биде вицепремиер и министер за европски прашања, додека Мухамет Хоџа ќе биде министер за животна средина и просторно планирање.
Според соопштението на Собранието, најпрво ќе треба да помине во Собрание разрешувањето на актуелниот министер за европски прашања, Орхан Муртезани.