Лукаревска: Мој ДДВ неисплатен во рок, економијата и енергетиката во неизвесност

Лукаревска потсетува дека за прв пат од 2019 година враќањето на средства преку „Мој ДДВ“ не е извршено во законскиот рок.

Пратеничката и поранешна директорка на УЈП, Сања Лукаревска со свое видување за енергетските и економските состојби во земјава. Таа се осврнува и на проектот „МојДДВ“ за кој дел од граѓаните веќе пријавуваат дека не го добиле повратот на паричните средства за изминатото тромесечје.

Лукаревска потсетува дека за прв пат од 2019 година враќањето на средства преку „Мој ДДВ“ не е извршено во законскиот рок.

„Недела од неработен, со тенденција да биде работен ден. Високи, галопирачки цени на прехранбените производи. За прв пат од 2019 година Мој ДДВ неисплатен во законскиот рок. Парното поскапува. Поскапува и струјата за домаќинствата. За 30% поскапува полагањето за возачка дозвола… Единствено извесно е неизвесноста. Ниту светска пандемија, ниту светска економска и енергетска криза“, стои во објавата на Лукаревска.

Лукаревска додава дека потребни се итни мерки за стабилизирање на животниот стандард и подобрување на енергетската и економската политика.