АМСМ: Сообраќајот се одвива нормално

Од АМСМ информираат дека надвор од градските средини интензитетот на сообраќај е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.

Според најновиот утрински билтен на АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива без поголеми проблеми. На делови од патиштата коловозите се влажни, но тоа не го нарушува протокот на возила.

Од АМСМ информираат дека надвор од градските средини интензитетот на сообраќај е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.

Возачите се повикуваат на внимателно возење и прилагодување на брзината според условите на патот. Посебна претпазливост се препорачува на патните делници низ котлини, клисури и речни долини, каде постои можност за појава на свлечишта. Такви делови се: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Исто така, потсетуваат дека останува во сила обврската за користење зимска опрема во возилата, независно од моменталните временски услови.