(ВИДЕО) Трилинг: До кога ќе пулсираме без одговор – со Коцо, Теменугов и Вишка

➡Можно ли е во разумен рок правна разврска за кочанската трагедија или „Пулс“ долго ќе пулсира во судските лавиринти? Премиерот Мицкоски во клинч со Државниот обвинител Коцевски и со меѓународните партнери. Дали е до висината на платите на судиите и обвинителите или до немоќта да спроведат реформи во правосудството? Интервју со Вера Коцо поранешна судијка во Врховниот суд. Буџет 2026 година - раздолжувања, но и нови задолжувања. ➡За високиот буџетски дефицит, ниска реализација на капиталните инвестиции, (не)функционалноста на ПИОМ, анализираме со новинарот Горан Теменугов. ➡Зошто актерот Висар Вишка го нема на сцената во МНТ ? Во Холивуд го бараат, дома го игнорираат. Со театарскиот и филмски актер и режисер разговараме и за состојбите во државата.

„Со оглед на фактот дека се работи за многу обемен предмет, со многу обвинети, не можам однапред да прогнозирам колку ќе трае оваа постапка, меѓутоа евидентно е дека овој настан заслужува посебно внимание, како од судската власт, така и обвинителството, но исто така и бранителите, односно адвокатите.

-Сакам да напоменам дека од страна на овие чинители во судската постапка се презедоа некои мерки во однос на она што значи добивање правда во разумен рок, па така обезбедија една по адекватна просторија, сала за судење и се договорија, како судиите, така и обвинителството и адвокатите, дека ќе постапуваат фер во оваа постапка.

-Меѓутоа, со оглед на обемноста на овој предмет, како ќе се одвиваат работите понатаму тешко е да се прогнозира во овој момент, но еве пред неколку дена веќе дојде до одлагање на рочиштето, бидејќи Обвинителството поднесе некакво интегрирано обвинение за кое не можам да коментирам, бидејќи не знам што има во тоа обвинение и дали Обвинителството нешто пропуштило или дополнува ќе се воздржам од коментар. Како и да е, семејствата на жртвите имаат право да ја добијат таа долго посакувана правда за која нон-стоп излегуваат и кажуваат дека им е потребна, но потребна им е во еден разумен рок“, изјави за магазинот „Трилинг“, поранешниот врховен судија Вера Коцо, говорејќи за најновите случувања поврзани со трагедијата во Кочани.

Прашана за иницијативата за формирање анкетна комисија во Собранието и колку оваа иницијатива е издржана, имајќи предвид дека повеќето случаеви за кои владејачката гарнитура иницира дискусија се веќе судски затворени, Коцо смета дека Парламентот има право да реализира една таква анкетна комисија и да утврдува некои факти коишто тие сметаат дека се суштествени во овој момент.

„Но имајќи предвид дека е отворена судска постапка, јас лични не гледам некоја потреба истовремено да се водат две постапки, иако сметам дека тоа нема да биде некоја пречка“, вели Коцо.

Околу претпоставката дека со формирање на анкетна комисија можеби се сака да се релативизира најголемиот судски процес – случајот „Пулс“, Коцо смета дека политиката, односно извршната власт, сака на некој начин да даде свое видување на овој настан.

„Јас ова прашање така го гледам, бидејќи за јавноста е ова битно прашање и политиката секој пат сака пред јавноста да биде транспарентна, да се даде впечаток дека се работи, се грижи за граѓаните и тн.“, додава Коцо.

Говорејќи за реформите во судскиот систем и клучните алатки во слабоста на овој сегмент, Коцо дава сублимат на она што треба да биде реформа.

„Подобрување на законската регулатива. Неопходно е обезбедување на добар и стручен кадар. И да нагласам – организација на судската власт преку функциите на судовите, односно територијалната надлежност на судовите“, вели судијката.

За темата која е актуелна, а е поврзана со изјавите на премиерот Мицкоски дека судиите имаат високи плати а многу мала доверба, Коцо директна : Не се согласувам дека судиите имаат преголеми плати!

„Имајте предвид дека судскиот буџет кој е предвиден за судството кој по закон треба да изнесува 0,8% од БДП, а тој едвај достигнува 0,3%.

-Во однос на платите – Основен судија има плата некаде околу 86 000 денари, додава Коцо.

„Случајот „Пулс“ е обемна работа. Еден голем напор треба да се вложи. А платата е мала. Не е како што беше кажано дека земаат по 180 000 денари“, додава Коцо.

„Кредибилитетот на судството е опаднат: Мора Судскиот совет да покренува постапки. Прашање е дали има дигнитет и волја“, вели Коцо.

Во магазинот „Трилинг“, долгодиншниот новинар Горан Теменугов, смета дека децениските економски политики создадоа море од проблеми, кои ако ако не се решат во наредниве две-три години ќе се удавиме кога ќе пукне браната“.

Внимателно да го слушаме премиерот Христијан Мицкоски што зборува

-Многу внимателно да го слушаме премиерот Мицкоски што зборува“, вели Теменугов.

„Во 2026-та ќе има сериозни предизвици и ќе ни биде за плачење. Проблемот е буџетскиот дефицит. Тоа е новиот долг и за тоа ќе се задолжиме, смета Теменугов.

Според него, ако ги направиме реформите во 2026/27-година „плачењето ќе биде помало“ од тоа ако промените ги направиме подоцна.

Во интервјуто со аналитичарот и новинар Горан Теменугов се говори и за ПИОМ, за она што ја „тресе“ Македонија, а тоа се капитални инвестиции.

Теменугов става акцент и на општествените случувања.

„Граѓаните на локалните избори јасно ставија до знаење дека сакат храбри, реформски чекори“, вели новинарот Теменугов.