(ВИDEO) Теменугов: Јас би ги замрзнал пензиите на две години

„За да му биде полесно на ПИОМ би можело да се се замрзнат пензиите на две години“, размислува Теменгувов.

Во магазинот „Трилинг“, долгодиншниот новинар Горан Теменугов, смета дека децениските економски политики создадоа море од проблеми, кои ако ако не се решат во наредниве две-три години ќе се удавиме кога ќе пукне браната“.

Внимателно да го слушаме премиерот Христијан Мицкоски што зборува

-Многу внимателно да го слушаме премиерот Мицкоски што зборува“, вели Теменугов.

„Во 2026-та ќе има сериозни предизвици и ќе ни биде за плачење. Проблемот е буџетскиот дефицит. Тоа е новиот долг и за тоа ќе се задолжиме, смета Теменугов.

Според него, ако ги направиме реформите во 2026/27-година „плачењето ќе биде помало“ од тоа ако промените ги направиме подоцна.

Во интервјуто со аналитичарот и новинар Горан Теменугов се говори и за ПИОМ, за она што ја „тресе“ Македонија, а тоа се  капитални инвестиции.

Теменугов става акцент и на општествените случувања.

„Граѓаните на локалните избори јасно ставија до знаење дека сакат храбри, реформски чекори“, вели новинарот Теменугов.

Целото интервју погледнете го во видеото.