
(ВИДЕО) Трилинг најава: До кога ќе пулсира „Пулс“ во судските лавиринти
➡Можно ли е во разумен рок правна разврска за кочанската трагедија или „Пулс“ долго ќе пулсира во судските лавиринти? Премиерот Мицкоски во клинч со Државниот обвинител Коцевски и со меѓународните партнери. Дали е до висината на платите на судиите и обвинителите или до немоќта да спроведат реформи во правосудството? Интервју со Вера Коцо поранешна судијка во Врховниот суд. Буџет 2026 година - раздолжувања, но и нови задолжувања. ➡За високиот буџетски дефицит, ниска реализација на капиталните инвестиции, (не)функционалноста на ПИОМ, анализираме со новинарот Горан Теменугов. ➡Зошто актерот Висар Вишка го нема на сцената во МНТ ? Во Холивуд го бараат, дома го игнорираат. Со театарскиот и филмски актер и режисер разговараме и за состојбите во државата.
Можно ли е во разумен рок правна разврска за кочанската трагедија или „Пулс“ долго ќе пулсира во судските лавиринти? Премиерот Мицкоски во клинч со Државниот обвинител Коцевски и со меѓународните партнери. Дали е до висината на платите на судиите и обвинителите или до немоќта да спроведат реформи во правосудството? Интервју со Вера Коцо поранешна судијка во Врховниот суд. Буџет 2026 година – раздолжувања, но и нови задолжувања.
За високиот буџетски дефицит, ниска реализација на капиталните инвестиции, (не)функционалноста на ПИОМ, анализираме со новинарот Горан Теменугов.
Зошто актерот Висар Вишка го нема на сцената во МНТ ? Во Холивуд го бараат, дома го игнорираат. Со театарскиот и филмски актер и режисер разговараме и за состојбите во државата.

„Семејствата на жртвите имаат право да ја добијат таа долго посакувана правда за која нон-стоп излегуваат и кажуваат дека им е потребна, но потребна им е во еден разумен рок.
-Распуштање на Судскиот совет повеќе се третира како политичка мерка и мислам дека не е издржано. Не е точно дека судиите имаат преголеми плати. Основен судија има плата некаде околу 86 000 денари“, смета Вера Коцо, поранешен врховен судија.
-Не е точно дека судиите имаат преголеми плати. Основен судија има плата некаде околу 86 000 денари, додава Коцо.

„Ако не расчистиме ние со инсталациите на УДБА, што ја водат државата, мислам дека нема да ја биде државава“.
„Не ги разбирам луѓето кога викаат не се бавам со политика. Политиката се бави со мене, за жал. Значи ние зависиме како уметници од политиката“, вели Вишка.

Внимателно да го слушаме премиерот Христијан Мицкоски што зборува
-Многу внимателно да го слушаме премиерот Христијан Мицкоски што зборува“, вели аналитичарот и новинар Теменугов.
Во 2026-та ќе има сериозни предизвици и ќе им биде за плачење. Проблемот е буџетскиот дефицит. Тоа е новиот долги за тоа ќе се задолжиме, смета Теменугов.
Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.