
УЈП бара трпение од граѓаните, ќе доцни исплатата на Мој ДДВ
Оваа исплата е особено значајна за граѓаните бидејќи доаѓа пред новогодишните празници, период кога трошоците традиционално растат.
Граѓаните кои редовно ги скенираат фискалните сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ треба да ги добијат повратните износи директно на своите трансакциски сметки во наредните денови, стои во соопштението од УЈП, по реакциите дека исплатата доцни за последниот квартал.
Од Управата за јавни приходи нагласуваат дека обработката на податоците е во завршна фаза и дека најголем дел од барањата се веќе проверени.
Исплатите ќе се вршат по етапи, со цел да нема технички преоптоварувања, но ќе бидат комплетирани до крајот на ноември месец.
Оваа исплата е особено значајна за граѓаните бидејќи доаѓа пред новогодишните празници, период кога трошоците традиционално растат.