
Во попладневните часови, околу 16 часот, тетовската полиција пронајде безживно тело на 42-годишен жител на Тетово, кој бил пријавен како исчезнат од својата сопруга.
Тој последен пат бил виден вчера околу 18 часот кога излегол од дома со патничко возило „Ауди“ со тетовски регистерски таблички и не одговарал на телефонските повици.
Според информациите од СВР Тетово, возилото „Ауди Q5“ било забележано паркирано во атарот на селото Нераште од страна на полициски службеници од Полициското одделение Теарце.
Во него било пронајдено машко лице без знаци на живот, со прострелна повреда во пределот на главата и видлива дупка од куршум на возачкото стакло. Полицијата првично сомнева дека мажот бил убиен со огнено оружје.
Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта, а по извршениот увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово било потврдено дека станува збор за лицето А.Б. (42) од Тетово. Истрагата продолжува.