
Македонскиот документарец „Приказната за Силјан“ влезе во трката за Оскар
Од повеќе од 300 наслови кои ја исполнуваат основната процедура, внимание привлече и македонското остварување „The Tale of Silyan“ односно „Приказната за Силјан“, поднесена од Македонија токму во категоријата за меѓународен филм.
Академијата за филмска уметност и наука ја објави целосната листа на филмови кои се квалификуваат за Оскар 2026 во трите главни категории – документарен филм, меѓународен филм и анимиран филм.
Од повеќе од 300 наслови кои ја исполнуваат основната процедура, внимание привлече и македонското остварување „The Tale of Silyan“ односно „Приказната за Силјан“, поднесена од Македонија токму во категоријата за меѓународен филм.
Според објавените информации, конкуренцијата е исклучително силна: 86 државни кандидатури се дел од трката за меѓународен Оскар. Во документарната категорија годинава се квалификуваа 201 филм, речиси рекордна бројка по пандемиската 2020/21, што ја прави оваа трка една од најкомплексните во последните години. Меѓу нив се повеќе дела поддржани од големи студија и платформски гиганти, како Netflix, Apple и HBO.
Oфицијалните номинации ќе бидат објавени на 22 јануари 2026 година. Инаку, се работи за македонски документарен филм од 2025 година, продуциран и режиран од Тамара Котевска. Филмот го следи македонскиот земјоделец кој спасува повреден бел штрк и двајцата создаваат врска.