Убиен водачот на навивачката група на Партизан од Белград

Пантиќ бил погоден во главата и телото, починал на самото место, зад трафика на булевар во Земун.

23-годишниот Тадија Пантиќ од Земун, е убиен денеска околу 11:45 часот во Нов Белград.

Според пишувањето на српските медиуми, двајца напаѓачи на скутер без регистарски таблички му се доближиле и пукале во него со неколку куршуми.

Пантиќ бил погоден во главата и телото, починал на самото место, зад трафика на булевар во Земун.

На лице место брзо пристигнале екипи на Брза помош и полицијата, која веднаш го обезбеди просторот и започна увид.

Подрачјето е покриено со голем број надзорни камери, кои веќе се анализираат.

Според првичните информации, скутерот што го користеле убијците е пронајден подоцна, запален.

Тадија Пантиќ важел за лидер на навивачката група на Партизан од Земун, а претходно двапати бил мета на напади, кои ги преживеал.