Калајџиев: Штетата од политички монтираното обвинение за Кочани ќе ја платиме сите
Експертот по кривично право и универзитетски професор Гордан Калајџиев остро реагираше по повод обвинението за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, оценувајќи дека процесот носи сериозни импликации.

„Штетата од политички монтираното обвинение за Кочани ќе ја платиме сите!“, напиша професорот.
На оваа тема, Калајџиев реагираше и претходно:
„Не е страшно што обвинителите згрешиле со „теоријата“ за верижна одговорност за пожарот во Кочани. Страшно е што не се работи за грешка туку за нарачка од политиката. Страшно е што сите правни авторитети се сложија дека тоа баш нема да може, а сепак си го тераат! Згора и се унапредуваат во кариерата. Уште пострашно е што судот нема храброст да не го прифати ваквото широко обвинение“, напиша професорот Калајџиев на социјалните мрежи.