(ВИДЕО) Дурловски: Не може да очекуваме системот да се однесува како што треба, а ние да ги кршиме правилата
➡Најверојатно чувството дека треба нешто да дадете не е толку силно колку што емоцијата, односно експресијата дека тоа што го работите сте се посветиле и го работите најдобро што можете. Во нашата професија е многу едноставно тоа да се види затоа што е јавна, затоа што сте на отворена сцена и дали денеска ќе имате добар или лош ден ќе го види целата публика којашто е таму. Така што секој уметник којшто застанал да се занимава со јавната функција има сериозна одговорност и за таа одговорност зависи дали ќе ги добие аплаузите или публиката нема да биде толку задоволна. ➡Со појавувањето на социјалните медиуми, со агресивното делување на социјалните медиуми уметноста е на некој начин загрозена, но успевајќи да ги издржи сите премрежја последниве, барем во оперската уметност - 300, 400 години, верувам дека и оваа квази т.н криза на уметноста ќе биде надмината. ➡Да се биде национален уметник и амбасадор на културата претставува голема одговорност. Ние многу често знаеме да кажеме како ние се претставуваме во странство, но сепак за мене лично едни од моите најзначајни настапи биле во Македонија. За мене лично Скопската опера, Македонската опера и балет била институцијата којашто прва ми ја дала можноста да застанам на „штиците коишто живот значат“ и секако првата љубов никогаш не се заборава. ➡На „Крвавиот четврток“ најмногу искраври Македонија. Се друго беше драма, одлично сценарио кадешто политичарите успеаја одредена група на луѓе да ги стават на место каде што не заслужуваат да бидат, за да притоа уценуваат пратеници и успешно се обидат да процедурата - промена на име ја завршат така како што ја завршија. Во секој случај гледам тажно на тој настан. ➡Знаеме да го кривиме системот за работите што ни се случуваат. Не велам дека системот не е трул, но многу често не знаеме и да погледаме во нашите постапки ➡Мислам дека најголема вина за „27 април“ има човекот кој после тоа имаше некакви бенефиции. Не сакам да го бранам премиерот Груевски, но тоа е Зоран Заев.
„Најверојатно заедништвото, посветата, талентот секако нема да го избегнам и најверојатно некоја Виша сила којашто секогаш не водела на вистинскиот пат, секогаш кога сме имале некакви дилеми или раскрсница на патот на каде треба да се оди, од денешна перспектива гледам дека секогаш сме го избирале вистинскиот пат. Значи интуицијата добро не водела“, изјави во магазинот „Трилинг“, оперскиот пејач Игор Дурловски говорејќи за патот и успехот на двоецот – брачен пар Ана и Игор.

Прашан што е она што сака да му го даде на светот како печат како професионалец, но и приватно, Дурловски вели дека секој уметник секогаш се труди да го даде најдоброто од себе.
„Најверојатно чувството дека треба нешто да дадете не е толку силно колку што емоцијата, односно експресијата дека тоа што го работите сте се посветиле и го работите најдобро што можете. Во нашата професија е многу едноставно тоа да се види затоа што е јавна, затоа што сте на отворена сцена и дали денеска ќе имате добар или лош ден ќе го види целата публика којашто е таму. Така што секој уметник којшто застанал да се занимава со јавната функција има сериозна одговорност и за таа одговорност зависи дали ќе ги добие аплаузите или публиката нема да биде толку задоволна“, вели Дурловски.
За тоа што е најважно кога ќе се застане на сцената, оперскиот пејач вели дека секој уметник делува различно.
„Кај мене – пред секој мој настап гледам да бидам еден час комплетно сконцентриран на материјата којашто ја работам таа вечер, морам да ја поминам целата партитура и секако следува распејување, односно загревање на гласот пред секој настап“, вели Дурловски.

Говорејќи какво е влијанието денес на операта и општо на културата во општествениот живот, Дурловски вели дека со појавувањето на социјалните медиуми, со агресивното делување на социјалните медиуми уметноста е на некој начин загрозена, но успевајќи да ги издржи сите премрежја последниве, барем во оперската уметност – 300, 400 години, верува дека и оваа квази т.н криза на уметноста ќе биде надмината.
-Јас со сопругата долго живеевме во Германија, тој музички театар во Германија се практикува, современи постановки на опери да бидете во тек, во тренд со настаните коишто веќе и кај нас се практикуваат. Еве пред неколку месеци имавме премиера на „Риголето“ со еден одличен италијански тим на режисер, сценограф и диригент, којшто беше еден сериозно модерен пристап кон операта со проекции, со современа режија и не можам да кажам дека веќе и ние не сме во тренд со тој германскиот режи театар“, истакна Дурловски.
„Секое гостување, индивидуално гостување на еден македонски уметник надвор од границите на Македонија, сакале или не сакале, ние ја претставуваме државата. Ана беше во Њујорк во „Метрополитен“, пеела во Виенска „Штац“ опера, Берлинска „Штац“ опера, во Театро „Реал Мадрид“, јас сум пеел на еден од најголемите фестивали во Бајроит, Лајпциг, Виена и тн.
-Сега имаме подготовки за една нова моја продукција Пелеас и Мелисанда од Дебиси. Заминувам сега на 28-ми, премиерата ми е на 5-ти декември во Ла Коруња со симфонискиот оркестар на Галиција. Идната година Ана настапува на Хамбуршката „Штац“ опера, јас настапувам во Торино, после Миланската скала втора најголема опера по квалитет на продукции. Во ноември најавив гостување во Пекинг во National Centre of Performing Arts, една од најголемите оперски куќи во светот, така што ние и индивидуално, но и институциите како такви се обидуваат да бидат што почесто на сцените надвор од Македонија, вели Дурловски, прашан за тоа колку македонската култура е препознаена надвор од границите на државата и дали затајуваме во делот на промоција на македонската култура.
„Да се биде национален уметник и амбасадор на културата претставува голема одговорност. Ние многу често знаеме да кажеме како ние се претставуваме во странство, но сепак за мене лично едни од моите најзначајни настапи биле во Македонија. За мене лично Скопската опера, Македонската опера и балет била институцијата којашто прва ми ја дала можноста да застанам на „штиците коишто живот значат“ и секако првата љубов никогаш не се заборава“, вели Дурловски.

„Крвавиот четврток“
На „Крвавиот четврток“ најмногу искраври Македонија. Се друго беше драма, одлично сценарио кадешто политичарите успеаја одредена група на луѓе да ги стават на место каде што не заслужуваат да бидат, за да притоа уценуваат пратеници и успешно се обидат да процедурата – промена на име ја завршат така како што ја завршија. Во секој случај гледам тажно на тој настан, вели Дурловски и додава дека се чувствува изманипулиран, изигран и злоупотребен од високата политика.
„Мислам дека најголема вина за „27 април“ има човекот кој после тоа имаше некакви бенефиции. Не сакам да го бранам премиерот Груевски, но тоа е Зоран Заев.
-Јас отсекогаш сум бил човек кој позитивно размислува, сум бил оптимист и многу често ние знаеме да го кривиме системот за работите што ни се случуваат. Не велам дека системот не е трул, но многу често не знаеме и да погледаме во нашите постапки. Не може да очекувате дека некој друг ќе се однесува како налага системот, а ние многу често знаеме да ги кршиме тие правила. Така што можеби менталитетот и кај македонскиот народ е таков да секогаш гледаме да го најдеме поедноставниот начин, да го најдеме пократкиот пат. Сметам дека за еден систем да функционира сите ние треба да придонесуваме, иако главни и одговорни се тие коишто системот го организираат“, вели Дурловски.

Изјавата на судијката Добрила Кацарска каде што вели дека можеби ја донела најтешката одлука со тоа што дала ослободителна пресуда за Игор Дурловски, оперскиот пејач вели дека самата изјава таква каква што е дадена е скандалозна.
„Уште поскандалозно е затоа што е дадена додека немав правосилна пресуда и тоа во тој период го сметав како влијание. Судија којшто бил дел од тој процес да даде таква изјава е во најмала рака скандалозна. Не гледам зошто би требало за човек за којшто немате докази, да имате тешко чувство да дадете ослободителна пресуда, но гледајќи каква беше пресудата за останатите, сметам дека човек којшто изиграл таква улога во тој период, нема проблеми да даде таква скандалозна изјава. Најмалку е скандалозна изјавата кај госпоѓата Кацарска“, потенцира Дурловски.
Тој вели дека иако во одреден период беше пратеник во македонското Собрание, нема полички амбиции и смета дека во државава треба секој да го работи тоа што најдобро го знае.
„Јас мислев дека во тој период можам да помогнам со моето делување, направив тоа што можев. Се повлеков и сметам дека мојот најдобар придонес во ова општество ќе биде таму кај што сега сум, на сцената и треба да го правам тоа што најдобро го знам – пеењето“, вели Дурловски.
Целото интервју погледнете го во видеото.