
„Маарив“: Опозицијата го критикува Нетанјаху за договорот меѓу САД и Саудиска Арабија за купување на авиони „Ф-35“
„Нетанјаху се откажа од воената предност на Израел на Блискиот Исток - предност што САД внимателно ја одржуваа повеќе од пет децении“, рече таа, пренесена во текстот на весникот „Маарив“. Таа додаде дека ниту еден друг премиер не го разочарал Израел на овој начин.
Израелската опозиција ја критикуваше владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху за продажбата на американски авиони „Ф-35“ на Саудиска Арабија и собра 40 потписи за свикување итна парламентарна седница, објави денеска весникот „Маарив“.
Израелските медиуми го сметаат договорот, постигнат за време на посетата на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман на Вашингтон, како сериозен удар за одбраната на земјата.
Израел досега беше единствената земја во регионот на Блискиот Исток што поседува невидливи авиони, потсетува ДПА.
Законот донесен од американскиот Конгрес во 2008 година ветуваше дека ќе ѝ помогне на израелската Влада да „ја зачува својата квалитативна воена предност“.
Кратко пред престолонаследникот Мохамед бин Салман да пристигне во Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп ја објави продажбата на напредните авиони, а за време на посетата двете земји потпишаа американско-саудиски договор за стратешка одбрана (SDA), пренесе германската агенција.
Трамп, покрај тоа, ја означи Саудиска Арабија како „главен сојузник надвор од НАТО“. Според Белата куќа, Трамп, исто така, обезбеди договор Саудиска Арабија да купи речиси 300 американски тенкови, потсети ДПА.
Ефрат Рајтен, членка на израелскиот Парламент од редовите на демократите, го обвини Нетанјаху дека ја изгубил контролата врз безбедноста на Израел.
„Нетанјаху се откажа од воената предност на Израел на Блискиот Исток – предност што САД внимателно ја одржуваа повеќе од пет децении“, рече таа, пренесена во текстот на весникот „Маарив“. Таа додаде дека ниту еден друг премиер не го разочарал Израел на овој начин.
Израелскиот бизнис весник „Глоубс“ објави текст во кој се изразуваат стравувања дека договорот за оружје меѓу САД и Саудиска Арабија би можел да започне регионална трка во вооружување, пренесува ДПА.