Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на Војводина потпишаа договор за соработка

Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на Војводина денеска во Нови Сад потпишаа договор за соработка во рамките на осмиот регионален бизнис форум што го организира војводинската Стопанска комора.

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) и Стопанската комора на Војводина денеска во Нови Сад потпишаа договор за соработка во рамките на осмиот регионален бизнис форум што го организира војводинската Стопанска комора.

Претседателите на двете комори, Горан Ѓорѓиевски и Горан Гак ставија потпис за соработка за размена на информации значајни за развој на бизнисот, унапредување на човечките ресурси и заедничко делување, заедничко преставување и застапување пред други организации и бизнис заедници, заедничка организација на настани и преставување на трети пазари и за пренос на знаење и споделување на добри практики.

-Овој тип на иницијативи и спогодби е јасна порака на бизнис секторот во регионот дека мора да соработува за да остане конкурентен во овие нестабилни економски времиња. Фокусот на дигитализацијата, човечките ресурси и продуктивноста во следните години како регион не приближува кон саканата цел, односно Европската Унија, истакна Ѓорѓиевски, соопштија од Сојузот на стопански комори на Македонија.

Во текот на денешниот ден тимот на Сојузот на стопански комори продолжува со билатерални средби кои ќе овозможат подобро вмрежување на македонските компании со нови можности за соработка со регионалните партнери, стои во соопштението.