
Извршниот одбор на СДСМ го прифатил предлогот на претседателот на партијата Венко Филипче, за нов потпретседател на партијата да биде нивниот кандидат за градоначалник на Аеродром, доктор Александар Трајановски.
Вчера на Извршниот одбор, секако, беше прифатен, поддржан предлогот на претседателот Венко Филипче за потпретседател на партијата да биде реномираниот доктор Трајановски, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.