
(ВИДЕО) Трилинг: Каде се парите? Може ли да се излечат лузните од кочанската трагедијата и кој владее со светот?
Во новото издание на магазинот „Трилинг“ гостуваат филмската и театарска актерка Наталија Теодосиева, Фатмир Битиќи пратеник и поранешен вицепремиер, Лилјана Јоноски извршна директорка на Рурална Коалиција, како и со Рик Берман член на Обединетатa Голема Ложа на Англија и Пол Енегхам, Офицер за меѓународни односи на Обединетата голема ложа на Англија. Во рубриката „Знаење што менува" поддржана од Семос Едукација анализа на Марко Серафимовски сениор директор во Семос Едукација.
Во новото издание на магазинот „Трилинг“ гостуваат филмската и театарска актерка Наталија Теодосиева, Фатмир Битиќи пратеник и поранешен вицепремиер, Лилјана Јоноски извршна директорка на Рурална Коалиција, како и со Рик Берман член на Обединетатa Голема Ложа на Англија и Пол Енегхам, Офицер за меѓународни односи на Обединетата голема ложа на Англија.
Во рубриката „Знаење што менува” поддржана од Семос Едукација анализа на Марко Серафимовски, сениор директор во Семос Едукација.

„Тоа што не е својствено за СДСМ е станување на партија којашто е повеќе клиентелистичка наспроти вредносна партија, односно – ако не е наш тога соодветно треба да одговара, , а ако е наш ќе затвориме очи. Така, народски кажано, држава не бидува, вели Фатмир Битиќи пратеник и поранешен вицепремиер.
На прашањето дали постои судир помеѓу сегашното раководство на СДСМ и пратеничката група, Битиќи вели дека судир не постои, но има некогаш несогласување околу ставови.
„Јас сум еден тие кој што знае понекогаш да бидам гласноговорник на несогласувањето“, додава Битиќи.

Говорејќи за најновите случувања околу ИПАРД фондовите, Лилјана Јоноски, извршна директорка на Рурална Коалиција, смета дека доколку се вклучи ОЛАФ агенцијата, што би значело и правење на посебна независна истрага, тоа би траело две до три години што уште повеќе на долг рок ја зголемува неизвесноста кај земјоделците.

„90 проценти од децата кои се преживеани во пожарот во Кочани не се сеќаваат воопшто на настанот, што точно се случило, како се спасиле и кој ги спасил. Имам неколку другари кои починаа. Починаа спасувајќи други деца, вели филмската и театарска актерка Наталија Теодосиева за трагедијата во Кочани.
„Не залажуваат дека нашиот глас се слуша. Мислам дека најмалку нашиот глас се слуша. Се слуша гласот на политичарите“, додава Теодосиева.
Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.