
Апелацискиот суд во Париз ќе одлучува за ослободување на Саркози
Апелацискиот суд во Париз денеска ќе одлучува дали поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор.
Апелацискиот суд во Париз денеска ќе одлучува дали поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор.
Саркози е осуден на пет години затвор, а пред три недели беше упатен на извршување на казната, иако поднесе жалба на пресудата.
Саркози е осуден дека за време на претседателската кампања во 2007 година добил нелегални средства од режимот на тогашниот либиски лидер Моамер Гадафи. Кривичниот суд во Париз не пронајде директни докази за ова, но во своето образложение заклучи дека Саркози и блиските соработници барем се обиделе да добијат средства од режимот на Гадафи.
Саркози тврди дека е невин.