ОБСЕ високо ја оцени организацијата на вториот круг локални избори во Косово

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Косово, амбасадорот Џерард Мекгурк, високо ја оцени работата на Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово и на сите оние кои беа вклучени во организацијата на вториот круг од локалните избори во 18 од вкупно 38 општини.

– Со затворањето на гласачките места за вториот круг од локалните избори, им честитам на претседателот на Централната изборна комисија, Крешник Радониќи и на сите кои учествуваа во управувањето и организацијата на изборниот процес, истакна синоќа Мекгурк.

Тој нагласи дека посветеноста и професионализмот на изборните институции ја зајакнаа демократијата во земјата.

– Вашиот професионализам и посветеност ги зајакнаа демократските процеси во Косово. Честитки до сите нови и повторно избрани градоначалници на општини, вашата работа со и за вашите заедници почнува утре. Се радувам на наскоро средба со вас, посочи Мекгурк.