Пол позиција за Норис на трката за ГН на Бразил

Актуелниот првак Макс Верстапен од Ред Бул за време на квалификациите имаше проблем со болидот и ќе стартува од 16.та позиција.

Возачот на Мекларен Ландо Норис ја освои пол позицијата на одржаните квалификации на патеката Интерлагос на трката за Големата Награда на Бразил. Ова за него е 15.та пол позиција во кариерата, а шеста сезонава.

Веднаш до него ќе биде Кими Антонели од Мерцедес, а во вториот ред се Шарл Леклер (Ферари) и Оскар Пјастри (Мекларен).

Актуелниот првак Макс Верстапен од Ред Бул за време на квалификациите имаше проблем со болидот и ќе стартува од 16.та позиција.

Норис покрај тоа што беше најбрз во квалификациите го освои и првото место во спринтот.