Потврден притворот на директорот и на управителот за отпад во „Комунална хигиена“, Кривичниот совет ги одбил жалбите

Кривичниот совет ги одби жалбите и го потврди притворот на директорот и на управителот за отпад во „Комунална хигиена“ Скопје, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Кривичниот совет ги одби жалбите и го потврди притворот на директорот и на управителот за отпад во „Комунална хигиена“ Скопје, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Основниот кривичен суд Скопје на 28 октомври годинава го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за Сабахадин Рустеми, в.д. директор на претпријатието, и Аки Саити, управител за отпад, поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.

Предлогот на Обвинителство е поради основано сомнение за сторено кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, осомничените постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на обврските од Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад, што резултирало со создавање мали депонии на јавни и сообраќајни површини во Скопје.

Вонредните инспекциски надзори и експертското мислење од Институтот за јавно здравје потврдиле дека ваквото управување со отпадот предизвикало оштетување на почвата, воздухот и водата, со потенцијална опасност по здравјето на граѓаните.