(ВИДЕО) „Знаење што менува“ со Елена Трајковиќ, сертифициран тренер по Мајкрософт во Семос Едукација

➡Елена Трајковиќ е софистициран Microsoft тренер во Семос Едукација. Таа веќе ги инспирира студентите и професионалците со својот свеж пристап и исклучителна енергија. Дипломирала на ФИНКИ, насока компјутерски науки и инженерство. Учествувала во развој и имплементација на интерни решенија за компании, за што е наградена со две признанија за иновативност. Важи за една од најинспиративните предавачи во областа на IT дата анализа и вештачка интелигенција. Нејзината професионалност, зрелост и јасниот начин на објаснување и овозможија да одржува обуки на голем број компании.

Елена Трајковиќ е софистициран Microsoft тренер во Семос Едукација. Таа веќе ги инспирира студентите и професионалците со својот свеж пристап и исклучителна енергија. Дипломирала на ФИНКИ, насока компјутерски науки и инженерство. Учествувала во развој и имплементација на интерни решенија за компании, за што е наградена со две признанија за иновативност. Важи за една од најинспиративните предавачи во областа на IT дата анализа и вештачка интелигенција. Нејзината професионалност, зрелост и јасниот начин на објаснување и овозможија да одржува обуки на голем број компании.

-Замислете дека вашиот колега никогаш не спие, секогаш е спремен да одговори на вашите прашања, а дури и да изврши некои задачи за вас. Таков е агентот изграден со Microsoft copilot студио. Станува збор за AI Асистент којшто разбира природен јазик, може да извлече информации од ваши одобрени извори на знаење и дополнително да изврши задачи помеѓу вашите системи.

-Семос Едукација како официјален Microsoft партнер го поддржува и препорачува ова решение со оглед на тоа што не мора да знаете код за да направите еден AI агент. Во својата суштина агентот е многу повеќе од еден четбот. Четбот само разговара, додека агентот размислува, резонира и делува. Тој комбинира три столба. Теми кои водат разговори, знаење коешто се основа на вашите податоци и секако акции коишто ги обединуваат вашите системи. Кога некој ќе му постави прашање на ваков агент, тој разбира природен јазик, го обработува истиот и потоа може да донесе одлука дали треба да следи некаков патерн, односно некоја си претходно осмислена процедура или пак потенцијално да заврши некаква си задача во некој поврзан систем.

-Започнувањето на градење на еден ваков агент е всушност многу едноставно. Прво нешто што правиме е му даваме јасно име и опис. Му даваме некои кратки инструкции на самиот агент какво да биде неговото однесување и кои се процесите коишто треба да ги извршува. Потоа му поврзуваме знаење. Тоа знаење може да вклучува јавно достапни веб страници, може да вклучува документи или пак обични PDF или Word документи. Потоа почнуваме со градење на теми на разговор. Имаме два начина на коишто ова може да го постигнеме. Правата е со експлицитно дефинирање на нашите активирачки фрази. Станува збор за фрази коишто ќе ги употреби корисникот во разговор со овој агент, коишто ќе му укажат на самиот агент дека треба да преземе некаква акција, односно да започне со употребување на една од нашите претходно дефинирани теми.

-Доколку ова ни звучи прекомплицирано, тука постои и AI помош, односно ние можеме повторно со природен јазик да му објасниме на copilot студио каков е овој агент, која е оваа тема којашто сакаме да ја обработи и какви се акции да преземе во неа, што е одлично, бидејќи на некој начин додека ние градиме агент имаме шанса и да искористиме веќе постоечки агент од Microsoft.

-Акциите се местото каде што овие агенти преминуваат од од одговарање во дејствување. Со помош на различни конектори кон наши системи, ние имаме шанса агентот по наши инструкции да изврши одредено барање или одредена задача. Секој оној податок што влегува како влезна информација за да може да биде извршена таа задача потоа има свој резултат. Но не само што има резултат во таа апликација во која што сме побарале, туку и самиот агент е свесен за резултатот и може да ни го приложи како одговор и да го продолжи нашиот разговор.

-Всушност резултатот на овие акции е асистент кој не само што информира туку и делува.

-Стигнавме до момент во којшто ние искреиравме некаков агент и некакви патеки на разговори или пак преземање на акции. Но што се случува кога крајниот корисник ќе постави прашање надвор од нашите скриптирани патеки и ќе го изненади всушност нашиот AI агент? Нас ни треба план Б, а тој план бе е всушност генеративната вештачка интелигенција.

-Ова е опција којашто можеме да ја вклучиме на ниво на целиот агент или пак во специфични разговорни теми и додаваме можност на самиот агент да се снајде во некоја непредвидлива ситуација и да изгенерира одредено знаење.

-Деловната вредност на имплементирање на ваквите AI агенти е огромна. Првата вредност се секако впивањето на репетитивните задачи од страна на овие агенти и оставање на простор на нашите експерти да ги вршат оние тешки комплицирани задачи. Понатаму, обезбедуваме брзина и секако конзистентност во решавање на задачите, односно веруваме на одговорите коишто брзо ги дава ваквиот агент, бидејќи користи одобрени бази на знаење.

-И секако за крај имаме многу голема флексибилност. Зошто: Бидејќи ние сме тие коишто ги градиме овие агенти. Па со самото тоа доколку некој процес се промени, некои знаење треба да добие нови извор, ние немаме проблем тоа да го промениме, дали сами, дали со помош на copilot.

-Накратко, Copilot студио ви помага да изградите агент кој ги разбира вашите корисници, го зборува јазикот на вашата организација и креира и презема значајни акции.

-Доколку сте подготвени да го запознаете вашиот најнов колега, отворете Microsoft Copilot Studio, креирајте го вашиот прв агент и дозволете му да ја преземе рутинската работа за вашите луѓе да имаат време да се фокусираат на работата која го движи вашиот бизнис напред.