Здружение на пензионери во Центар: Се надеваме дека одличната соработка со Герасимовски ќе продолжи
Инаку, Општина Центар е меѓу општините со најголем број пензионери. Герасимовски во изминатиот мандат посвети многу проекти на оваа група граѓани, а за следниот мандат негово главно ветување е изградба на модерен општински дом за возрасни лица, каде што цената би била симболична за повозрасните од Центар.
Здружението на пензионери на Општина Центар изрази надеж дека добрата соработка со актуелниот градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, ќе продолжи и во иднина. Тие информираат дека на вчерашната средба размениле повеќе идеи и предлози за подобрување на условите за пензионерите во општината. На својот официјален Фејсбук-профил, здружението напиша:
„Денес градоначалникот на Општина Центар беше во работна посета на здружението, каде што имавме можност да размениме повеќе идеи и предлози околу подобрување на условите за живот на пензионерите во Општина Центар.
Се надеваме дека одличната соработка со Општина Центар, а особено со градоначалникот, ќе продолжи и во иднина“, стои во нивната објава.