
„Турци надвор“ и „Нема мигранти“ извикуваа демонстрантите синоќа пред црногорската Влада во Подгорица, откако група странци во неделата избодеа со нож еден локален млад човек.
Обвинителите објавија дека заради инцидентот се упасени државјанин на Турција и на Азербејџан.
Демонстрантите извикуваа „Нема да имаме мигранти“ и „Турците нема да шетаат низ градот“ и носеа транспаренти на кои пишуваше „Се браниме од понатамошна миграција, убоди, силувања, окупација!“.
Директорот на црногорската полиција, Лазар Шќепановиќ, изјави на јавната телевизија дека полицијата ќе обезбеди мир и безбедност на територијата на целата земја.
Инцидентот од неделата предизвика бран насилство во кој беше демолиран ресторан во сопственост на турски државјанин и беше запален автомобил во салон на отворено што го управува турска компанија
Во црногорскиот град Бар вчеравечер беа демолирани два бара во сопственост на турски државјани. Повеќето барови во Подгорица во сопственост на Турци вчера беа затворени.
Полицијата објави дека осум лица се уапсени во Подгорица за кривични дела со елементи на поттикнување национална и верска омраза и насилство.
Црногорската влада во понедленикот донесе одлука за привремено суспендирање на безвизниот режим за граѓаните на Турција.
Во Црна Гора, која има околу 623 илјади жители, околу 100 илјади странци имаат постојан престој, од кои околу 14 илјади се Турци.