Радмила Петровиќ, Оливер Митковски и Андреја Салпе со „Поетроника за млади“ во Јавна соба
Поетесата Радмила Петровиќ, еден од најсвежите гласови на современата српска поезија, ќе настапи заедно со актерот Оливер Митковски и електронскиот продуцент Андреја Салпе во рамки на новото издание на уметничкиот проект „Поетроника за млади“. Настанот ќе се одржи вечерва во 20:00 часот во Јавна соба.

Проектот „Научи ги младите да ја сакаат музиката и поезијата“, или „Поетроника за млади“, кој е продолжение на оригиналниот проект „Поетроника“,е музичко-поетски перформанс со едукативна улога. Целта е младите да ја доживеат поезијата на нов и близок начин – преку современ музичко-поетски израз кој го издигнува нашето поетско наследство на ново ниво.

Андреја Салпе е еден од нашите водечки електронски продуценти, член на составот BarumBarum. Оливер Митковски е македонски актер кој преку проектот „Поетроника“ заедно со Салпе ја претвора поезијата во живо музичко искуство.
Радмила Петровиќ е истакната српска поетеса, авторка на три збирки и роман во стих. Нејзината книга „Мајка ми знае што се случува во градовите“ е продадена во над 12.000 примероци и објавена во повеќе европски земји.