Алиу: Работиме на унапредување на системот на специјализации и супспецијализации во здравството

Ревизија и унапредување на системот на специјализации и супспецијализации во здравството се темите кои денеска биле разговарани на работниот состанок меѓу министерот за здравство, Азир Алиу, деканот на Медицинскиот факултет при УКИМ, проф. д-р Светозар Антовиќ и шефовите на катедри од факултетот.

Како што соопштија од Министерството за здравство, на состанокот, Алиу истакнал дека унапредувањето на човечките ресурси е еден од неговите приоритети, со цел подобрување на навременоста и квалитетот на здравствените услуги во секундарното и терциерното здравство.

-Откако ја презедов министерската функција, еден од приоритетите ми е унапредување на човечките ресурси, со цел усогласување со реалните потреби на здравствениот систем, навременоста и квалитетот на услугите кои се обезбедуваат во секундарното и терциерното здравство, истакна Алуи на состанокот во Министерството за здравство.

Работниот состанок, информираат од Министерството, е дел од поширок процес на реформи во здравствениот систем, кои се насочени кон редифинирање на постојните гранки на специјализација, со цел надминување на проблемот со тесно профилирани специјалисти и зајакнување на широки специјализации, како што се интерна медицина и општа хирургија, скратување на времетраењето на одредени специјализации, со цел мотивација на младите лекари, и редефинирање на супспецијализациите согласно реалните кадровски потреби на здравствениот систем.