Пол позиција за Ландо Норис во Мексико

Возачот на Мекларен Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

Возачот на Мекларен Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико. Тој на ноќешните квалификации имаше најдобро време на Автодромот Браќа Родригез. Норис оствари време од 1:15.586 минута.

Белег на квалификациите оставија и возачите на Ферари Шарл Леклер и Луис Хамилтон. Тие се пласираа на второто и третото место. Четвртото место му припадна на Џорџ Расел од Мерцедес, а од петтата позиција ќе стартува Макс Верстапен. Лидерот во генералниот пласман Оскар Пјастри ќе стартува од осмата позиција.

Стартот на трката за Големата награда на Мексико е во 21 часот по македонско време.