(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Нема да дозволам приватизација на Јавните претпријатија

➡Има објекти во коишто живеат граѓани. Тие објекти треба да бидат безбедни и таму треба да се направат строги контроли. Јас не знам зошто досега државниот инспекторат не постапил. Тие дивоградби, најголемиот дел од нив, не се од вчера или завчера. Тие таму постојат по 15, 20 години, но треба да се провери каква е состојбата на истите. За делот на отпочнување на дивоградби, јас би бил поригорозен од било кој во минатото. ➡Има објекти во коишто живеат граѓани. Тие објекти треба да бидат безбедни и таму треба да се направат строги контроли. Јас не знам зошто досега државниот инспекторат не постапил. Тие дивоградби, најголемиот дел од нив, не се од вчера или завчера. Тие таму постојат по 15, 20 години, но треба да се провери каква е состојбата на истите. За делот на отпочнување на дивоградби, јас би бил поригорозен од било кој во минатото. ➡ Сакам да кажам дека јавно претпријатие нема да биде приватизирано од моја страна. Ова одговорно го тврдам. Прв противник за тоа сум јас, вели за Трилинг кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

„Јас сметам дека добро знам да ги организирам и решам проблемите, така што, како што најавив, во првите 72 часа, јас одговорно тврдам дека градот ќе биде исчистен и ќе се направи една голема генералка која што нема да ја направи само градот туку тука ќе помогнат сите општини. Тоа е организација. Ние изминативе четири години не сме имале координативен состанок со градот Скопје. Тоа е недопустливо без разлика кој на која политичка партија и припаѓа. Јас како претседател на ЗЕЛС мислам дека покажав изминативе години како треба да функционираме сите заедно кога станува збор за интересот на граѓаните. Јас во тие 72 часа освен што целосно ќе ја пуштам на располагање целата механизација на градот Скопје и јавните претпријатија, ќе ги повикам да се вклучат и сите општини, но и да се вклучат општествено одговорните компании. Сите ќе излеземе. И граѓаните ќе излезат“, вели за магазинот „Трилинг“ кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, прашан за тоа како планира да ја исчисти метрополата во првите 72 часа.

За тоа како планира да се справи со урбаната мафија и со градежната експанзија која создава сериозен проблем во Скопје, Ѓорѓиевски вели дека тој како градоначалник на Кисела вода веќе покажал како тоа се прави.

„Јас мислам дека покажав како тоа се прави во Кисела вода. Прв што ќе го спомнам е меѓународниот конкурс за Расадник каде што требаше да има 99 згради, а сега нема згради. Во Црниче и Пржино откако јас сум градоначалник нема издадено одобрение за градба со повеќе од четири станбени единици. Во минатото на одобрение за градба на куќа по 28, 32, 40 станбени единици се издаваа. Истата пракса ќе биде и во градот Скопје, вели Ѓорѓиевски и додава дека за евентуален мораториум на одреден период за изградба на згради ќе одлучи заедно со неговиот тим од урбанисти, експерти кои ќе работат со него, потенцирајќи дека неговиот концепт е градот да се шири, но во периферија.

Прашан дали доколку има ингеренции за уривање дали ќе урива дивоградби, вклучувајќи го и Чаир и други општини Ѓорѓиевски дециден – Да.

„Има објекти во коишто живеат граѓани. Тие објекти треба да бидат безбедни и таму треба да се направат строги контроли. Јас не знам зошто досега државниот инспекторат не постапил. Тие дивоградби, најголемиот дел од нив, не се од вчера или завчера. Тие таму постојат по 15, 20 години, но треба да се провери каква е состојбата на истите. За делот на отпочнување на дивоградби, јас би бил поригорозен од било кој во минатото. Јас велам или нека се централизира целиот процес или нека да се дозволи Градот Скопје во наредните години да има своја градежна инспекција којашто ќе може да постапува, па во пракса ќе видите како изгледа тоа“, вели Ѓорѓиевски.

Тој вели дека пред се во градот ќе создаде систем, кој систем предвидува целосна функционалност на јавните претпријатија и без притоа, момент на слабост да предизвика да влеземе неподготвени за пожари, неподготвени за комуналните проблеми или да се доведеме во ситуација да не можеме да стигнеме од точка А до точка Б во движењето во главниот град.

Говорејќи за тоа дали се точни одредени информации дека доколку стане градоначалник на Скопје веќе има договор дека најголемиот дел од јавните претпријатија ќе припаднат на луѓе од ВЛЕН и ЗНАМ, Ѓорѓиевски вели дека таков договор ниту има ниту пак некој разговарал за такво нешто.

„Во неумешноста да понудат решение, одредени политички партии измислуваат одредени состојби и визии за во перспектива. Сакам да кажам дека јавно претпријатие нема да биде приватизирано од моја страна. Ова одговорно го тврдам. Прв противник за тоа сум јас“, вели Ѓорѓиевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото.