Арсовска: Ако не ви е јасно дека кадрите на Мицковски се одговорни за ѓубрето низ Скопје, ќе ви појаснам уште еднаш

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во објава на својот фејсбук профил повторно објасни кој е виновен за ѓубрето во главниот град и за катастрофалната ситуација во која се наоѓа градот.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во објава на својот фејсбук профил повторно објасни кој е виновен за ѓубрето во главниот град и за катастрофалната ситуација во која се наоѓа градот.

,,Ако не ви е јасно дека кадрите на Мицковски се одговорни за ѓубрето низ Скопје, еве ќе се обидам да ви појаснам уште еднаш:

Функционирањето на секој директор се базира врз одлуките (позитивни или негативни) донесени од Управниот одбор на ВМРО/ВЛЕН и тој може единствено да спроведува тоа што тие ќе изгласаат. Кој директор и да е поставен е блокиран и зависен од нивните одлуки.

Ниту еднаш Советот на град Скопје (ВМРО/ВЛЕН) не превзема мерки за:

– да се обезбедат услови за непречено работење на КХС како што упатува Законот

– да го разреши Управниот одбор на КХС како што упатува Законот

– да го разреши Надзорниот одбор на КХС како што упатува Законот
– да ја промени организацијата на КХС како што упатува Законот“, гласи дел од денешниот пост на Арсовска.