
Гвардиола: Не можеме до успех само со Халанд
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се осврна на вчерашната победа од 2:0 дома над Евертон во 8. коло од Премиер лигата.
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се осврна на вчерашната победа од 2:0 дома над Евертон во 8. коло од Премиер лигата.
Двата гола ги постигна норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд.
– Тој можеше да постигне четири или пет гола на крајот. Халанд е наш клучен играч. Во исто време, не можеме до успех само со Ерлинг. Нашите крилни играчи, офанзивни играчи од средниот ред и други играчи треба да бидат поефикасни. Треба да постигнуваме повеќе голови. Ако не создаваме шанси, тоа е во ред, но кога го правиме тоа, треба да ја зголемиме реализацијата, рече шпанскиот тренер на прес-конференција.
Халанд ја предводи трката за најдобар стрелец во англиската Премиер лига со 11 голови.
Манчестер сити е втор на табелата со 16 бода од осум натпревари.