Куманово има најмногу гласачи, а Лозово најмалку – ќе се гласа на вкупно 3.474 избирачки места

Во Градот Скопје вкупната бројка на гласачи е 474.304 илјади. Од општините најмногу граѓани со право на глас има во Куманово 94.041, во Гостивар 82.893, во Тетово 87.878, во Битола 77.253, во Аеродром 68.772, во Струга 62.711 и Прилеп со 62.053 гласачи. Најмалку, пак, има во Лозово 1.905, во Вевчани 2.092, во Новаци 2.429, во Конче 2.716 и во Ранковце 2.921 гласач.

Право на глас на осмите Локални избори в недела имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717.803 во земјата и 112 илјади запишани во посебниот избирачки список со лица во странство, 2.162 затвореници или во притвор и 450 гласачи во старските домови.

Во Градот Скопје вкупната бројка на гласачи е 474.304 илјади. Од општините најмногу граѓани со право на глас има во Куманово 94.041, во Гостивар 82.893, во Тетово 87.878, во Битола 77.253, во Аеродром 68.772, во Струга 62.711 и Прилеп со 62.053 гласачи. Најмалку, пак, има во Лозово 1.905, во Вевчани 2.092, во Новаци 2.429, во Конче 2.716 и во Ранковце 2.921 гласач.

Според Изборниот законик се гласа на 3.480 избирачки места, но годинава имаме шест избирачки места каде што нема население, па така ќе се гласа на 3.474 избирачки места. Инаку, 125 избирачки места се со помалку од 10 гласачи кои ќе го остварат своето право на глас во најблиското гласачко место. Осум избирачки места имаат по десет гласачи, шест со по 11, 18 со 12 гласачи, а 3 со по 13 гласачи…

Најбројно избирачко место во земјата е во Бутел. Станува збор за избирачкото место 2.915 со 1.432 гласачи. Во 70 избирачки места има над илјада гласачи и секаде каде што имало можност поради функционалност на гласањето, избирачите се распоредени во соседни избирачки места.

Најстариот гласач во земјава запишан во Избирачкиот список е роден 15 мај 1918 година, додека најмладиот кој ќе има можност да гласа ќе стане полнолетен на самиот ден на гласање на 19 октомври. Вкупен број на гласачи со 18 години запишани во Избирачкиот списокот е 25.603.

Локалните избори 2025 се осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10.490 кандидати. На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.