(ВИДЕО) Герасимов: Слободната масонерија не е тајна организација, но има свои тајни

➡ Во „Трилинг“ бараме одговор, зошто во Скопје се собрани 130 масони од целиот свет.

„Слободната масонерија е една од најстарите и најголемите светски организации со секуларен, неполитички и добротворен карактер. Во современ услови тоа е езотеричен инијациски ред со граѓанско-правен фундамент и легитимитет чија основа движечка идеја на делување е филантропската и длабоко хуманистичката. Тој е организиран масонски ред на луѓе искрено посветени на високо морални, етички и духовни вредности, базирани на братската љубов и филантропијата.

-Со векови слободните масони ги негуваат и следат своите три свети начела: братската љубов, добродетелството и вечната потрага по осознавање на вистина“, изјави за магазинот „Трилинг“ Маријан Герасимов, Голем мајстор на големата масонска ложа на Македонија.