
„Тоа што го направи дипломатијата на свиткана кичма на СДСМ и на ДУИ, нас не доведе во оваа ситуација. Значи нешто што е со векови создавано, што луѓе се жртвувале, имале саможртва итн., тие успеаја за седум години да го распродадат“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Мицкоски нагласи дека додека е тој претседател на Владата нема да се случат уставните измени, без јасна испорака и обврски и од страна на источниот сосед, како и конкретни гаранции од Европската Унија.
„Никој нема право, ниту пак е фер да очекува дека оваа Влада безусловно ќе го направи тоа, ниту има намера оваа Влада тоа да го направи, додека сум јас претседател на Владата. Тоа треба да е јасно, јас тоа сум го кажал многупати. Ние бараме доследно почитување на меѓународното право, а таму има обврски и нашиот источен сосед. И исто така бараме гаранции и ако навистина ЕУ сака Македонија да ја види во своето друштво, барем малку од тоа што за некои други држави го прави ќе го направи и за нас. И тоа е јасен став“, потенцираше претседателот Мицкоски.