Сиси: Знаев дека Трамп е единствениот способен да ја заврши војната меѓу Израел и Хамас

„Бев многу уверен дека Вашата екселенција е единствениот што е способен да го донесе ова и да стави крај на оваа војна“, продолжи тој. „Дури и многу прецизно реков за време на мојата комуникација со Вашата екселенција дека Вие сте единствениот што е способен да донесе мир.“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, попладнево од Израел пристигна во египетското летувалиште Шарм ел Шеик, каде ќе се одржи миривниот самит за Газа. Веднаш по пристигнувањето во објектот на самитот Трамп заедно со неговиот домаќин и копретседател на мировниот самит, египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси, оддржа кус брифинг со новинарите.

Американскиот претседател го држеше за рака египетскиот колега додека даваа првични впечатоци пред самитот на светските лидери за завршување на војната во Газа, кога на маса се договорот за размена на затвореници и заложници и прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

„Големо задоволство и чест е да ве имаме со нас тука во градот на мирот“, му рече Сиси на Трамп пред новинарите.

„Бев многу уверен дека Вашата екселенција е единствениот што е способен да го донесе ова и да стави крај на оваа војна“, продолжи тој. „Дури и многу прецизно реков за време на мојата комуникација со Вашата екселенција дека Вие сте единствениот што е способен да донесе мир.“

Сега, лидерите треба да обезбедат прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас да се почитува, телата на преостанатите починати заложници во Газа да бидат вратени на нивните семејства и хуманитарната помош да биде до

Претседателот Трамп, од своја страна, изјави дека од денеска веќе започна втората фаза од неговиот план за прекин на огнот во Газа од 20 точки за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас.

„Според нас, таа започна“, рече Трамп, седејќи покрај египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси, додавајќи „и знаете, фазите се малку измешани една со друга“.

Неговите коментари доаѓаат откако неговите врвни дипломати, вклучувајќи го државниот секретар Марко Рубио и специјалниот претставник Стив Виткоф, тврдеа дека аспирациите на администрацијата на Трамп одат подалеку од завршувањето на војната и наместо тоа го гледаат неговиот план од 20 точки како почеток на многу поширок поттик за мир во регионот.