
Трамп: „Светата земја“ конечно е во мир
„Би сакал да ја изразам мојата благодарност до сите нации од арапскиот и муслиманскиот свет кои се здружија за да влијаат врз Хамас да ги ослободи заложниците. Невообичаено е да се види ова да се случи, но се случи. Ова ќе се памети како моментот кога сè почна да се менува. Тоа ќе биде златното доба на Израел и Блискиот Исток“.
Сите живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени по 738 дена заложништво, објавија израелските медиуми, а конвои со стотици палестински затвореници почнаа да ги напуштаат израелските затвори, покажаа телевизиските снимки.
Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Кнесетот, израелскиот парламент во Ерусалим.
„По две болни години, 20 заложници се враќаат во прегратките на своите семејства. 28 се враќаат да почиваат во оваа света земја по толку многу години темнина, чадот конечно се смири и сонцето конечно се враќа над оваа света земја. Ова не е само крај на војна, ова е крај на ера на терор и почеток на добра вера и надеж. Ова е зората на нов Блиски Исток и сакам да му се заблагодарам на човек со непоколеблив патриотизам и храброст, знаете за што зборувам, има само еден премиерот Бенјамин Нетанјаху. Не е лесно да се работи со него, но затоа е толку одличен. Ти благодарам многу Биби, направи одлична работа“, додаде Трамп.
„Би сакал да ја изразам мојата благодарност до сите нации од арапскиот и муслиманскиот свет кои се здружија за да влијаат врз Хамас да ги ослободи заложниците. Невообичаено е да се види ова да се случи, но се случи. Ова ќе се памети како моментот кога сè почна да се менува. Тоа ќе биде златното доба на Израел и Блискиот Исток“.
Американскиот претседател Доналд Трамп им се заблагодари на сите свои соработници: „Стив е одличен бизнисмен, има преговарачки вештини. Стив е одличен човек, сите го сакаат. Познавам многу луѓе со одлични преговарачки вештини, но не би можеле со нив да постигнете мир на Блискиот Исток со нив, туку сега би воделе Трета светска војна“, рече Трамп.