
(ВИДЕО) Тасева: Идејата на Семос едукација е да ја приближи вештачката интелигенција до пошироката јавност
➡30 за 30 нуди повеќемесечна претплата, да може да погледнете 30 кратки обуки по цена од 30 евра. Цената ја избравме симболично затоа што ние 30 години нижиме успеси, а вие може секоја обука да ја погледнете по цена од едно евро кога вам ви одговара. Убавото во овој пристап е тоа што ви нуди еден поглед кон целосниот свет на ВИ и како таа се користи. Обработивме различни примери, од тоа како да ја користите за да донесете подобри финансиски одлуки, како да ја направите свој личен асистент, работни примери во маркетинг, продажба, финансии, човечки ресурси, но исто така одговоривме и технички прашања како што се - како се развива ВИ, како се создава модел за ВИ и како да ја користите безбедно, вели Тасева од Семос едукација.
-Во последните неколку години често разговарам за Вештачка интелигенција (ВИ) со луѓе од различни позадини. Некои од нив се страствени информатичари кои со мене сакале да ги споделат своите идеи и трудови, а некои се повозрасни луѓе коишто се возбудени што почнале да користат ЧетГПТ.
-Тоа што можам да го приметам во сите овие разговори е всушност љубопитноста на којашто сите ја имаме за ВИ. Ова оди од една крајност на целосен оптимизам и примена, до друга крајност којашто е стравот дали роботите ќе не заменат.
-Ние во Семос едукација долго време размислувавме како да ги споиме овие две сфаќања на едно место. Од една страна сакавме да ги поддржиме ентузијастите со нивната желба а знаење и напредок, а од друга страна сакавме да покажеме дека стравот од вештачка интелигенција не треба да постои и дека таа е всушност само уште една алатка којашто во иднина ќе ја користиме исто како што ги користиме компјутерите денес.
-Со оваа цел ние во Семос едукација одлучивме да направиме настан и оваа година на 8 април ја организиравме националната иницијатива за ВИ.
-На 8 април организиравме 96 кратки обуки во еден ден во пет балкански земји со главен фокус на Македонија коишто одеа и онлајн и во живо.
-Имавме повеќе од 8 000 слушатели низ целиот регион и бевме дел од рушењето на Гинисов рекорд кое го организираше Мајкрософт.
-Подоцна се роди идејата 30 за 30. Нашата желба да ја направиме иницијативата AiNCI достапна за сите, да ви ги одговара прашањата коишто ги имате, кога вие сте расположени слободни.
-30 за 30 нуди повеќемесечна претплата, да може да погледнете 30 кратки обуки по цена од 30 евра. Цената ја избравме симболично затоа што ние 30 години нижиме успеси, а вие може секоја обука да ја погледнете по цена од едно евро кога вам ви одговара. Убавото во овој пристап е тоа што ви нуди еден поглед кон целосниот свет на ВИ и како таа се користи. Обработивме различни примери, од тоа како да ја користите за да донесете подобри финансиски одлуки, како да ја направите свој личен асистент, работни примери во маркетинг, продажба, финансии, човечки ресурси, но исто така одговоривме и технички прашања како што се – како се развива ВИ, како се создава модел за ВИ и како да ја користите безбедно.
-Кога веќе споменав безбедност, би сакала да посочам дека е битно од каде ги добивате вашите информации за ВИ. Денес на пазарот постојат многу комерцијални алатки кои се за широка употреба но не ги заштитуваат вашите лични податоци како тајни. Односно тоа што може да се случи е вие да внесете некоја информација за вас и подоцна некој друг да има пристап до истата. Затоа ние во Семос едукација кога ја создававме платформата 30 за 30 внимававме на деталите, се консултиравме со искусни професионалци во секоја област и тоа што ви го нудиме е внимателно одбрано и издржано.
-Со правилно користење вештачката интелигенција може да биде од огромна помош, а правилната употреба ние се потрудивме да ја објасниме на лесен и разбирлив начин, за секој од вас да може да ги следи сите 30 обуки на различни теми.
-Идејата ни е да ја приближиме ВИ и целата таа тематика до пошироката јавност, да ги одговориме сите специфични прашања кои ги имате и секој којшто слушнал за нешто да му биде јасно што се случува.
-Народски кажано, без разлика во каков разговор и да се најдете вие ќе знаете за што се зборува. Платформата 30 за 30 моментално е достапна на сајтот на Семос едукација.
Кристина Тасева, AI LEAD во Семос едукација