Странци од Швајцарија го оставиле празниот куфер пред Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ

Според МВР, швајцарскиот државјанин Рафаел С. (роден 1987) и женското лице Вивиан С.Х. (родена 1985), влезени во Македонија на 1-ви октомври со летови од Цирих, се идентификувани како лицата од видеонадзорот.

Во Скопје вчера, на плоштадот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, беа забележани двајца странски државјани кои оставија сомнителен празен куфер, а беа снимени од надзорните камери.

Според МВР, швајцарскиот државјанин Рафаел С. (роден 1987) и женското лице Вивиан С.Х. (родена 1985), влезени во Македонија на 1-ви октомври со летови од Цирих, се идентификувани како лицата од видеонадзорот.

Од МВР соопштија дека куферот бил оставен пред канцелариите на ЈП „Државни патишта“ на плоштадот „ВМРО“.

По пријавата се преземени сите потребни мерки, а проверките покажале дека куферот бил празен.