Владиката Петар во Москва со патријархот Кирил се моли за победа на Русија во Украина

Преспанско-пелагонискиот митрополит на Македонската православна црква – Охридска aрхиепископија (МПЦ-ОА), митрополитот Петар, утрово служеше литургија со рускиот патријарх Кирил во Москва во манастирот „Свети Сергеј Радоњишки“, на Сергеов посед, близу Москва, пренесува порталот „Религија.мк“.

Владиката Петар во Москва е заедно со еден од неговите викарни епископи Никола.

Неговото заминување од државата, како што пренесува „Религија.мк“ е инкогнито бидејќи ниту неговата епархија, ниту црковниот портал „Литургија.мк“ не ја најавија неговата посета во Москва.

Ова не е првпат македонски архиереи да отпатуваат во Москва на служба со рускиот патријарх Кирил.

На оваа литургија Владиката Петар се молеше и за победа на Русија во Украина и за спасение на Света Рус – молитва што рускиот патријарх ја внесе во литургиите на Руската православна црква (РПС), по окупацијата на руската држава врз делови од Украина, што најголем дел од православните цркви го оценија како ерес.

Владиката Петар учествуваше на литургијата, кажувајќи неколку стиха од молитвата на микрофон.

И пред две години тој имаше намера да патува за Москва, но поради дипломатските односи меѓу земјава и Русија, тоа не се случи.

Владиката Петар е еден од ретките владици во православниот свет, покрај тие од Српската и Бугарската црква, што во Москва заминуваат на сослужување литургии со Руската црква, особено по инвазијата на Русија врз Украина и отворената поддршка што патријархот Кирил ја дава на руските воени сили.

Целиот текст може да го прочитате тука