Миланко Шеклер – виролог и микробиолог од Србија во изјава за РТС вели дека новиот сој на коронавирусот – омикрон е со благи симптоми.
„Во овој момент можеме веродостојно да го коментираме само она што тие го коментираат во медиумите. Симптомите се благи и кај оние кои не се вакцинирани, а кај оние кои се вакцинирани често се асимптоматски, нема ништо. Ова се изјавите што ги дадоа лекарите од Африка“ вели Шеклер.
Тој посочува дека клиничките знаци се полесни, има лесен пренос, но нема пневмонија, температурата е многу ретка, а потењето поминува за два-три дена.
„Не треба да се паничи, туку да се слушаат луѓе кои имаат увид и кои тоа го разбираат. Лекарката која го испратила првиот случај е претседателка на здружението на здравствени работници и лекари на Јужноафриканската Република, која е од светски ранг“ – вели д-р Шеклер.
Шеклер наведува дека експертите веруваат дека ова може да биде почеток на губење на моќта на вирусот.