Повторно средба меѓу Заев и Гаши

За денеска во 14 часот во Клубот на пратеници во Скопје е закажана нова средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

Темата на средбата ќе е вклучување на опозицискат партија во Владата и во парламентарното мнозинство.

Во понеделникот Заев и Гаши се сретнаа и начелно договориле програмски дел од можната идна соработка на Алтернатива во Владата и најавиле дека консултациите за кадровските решенија се во тек.

Ова беше нивна втора средба, првиот пат се сретнаа на 19. минатиот месец.