(ВИДЕО) Георгиевски: Гејминг индустријата е една од најголемите и најбрзо растечките во светот

➡ Интересен податок е дека технологиите што се користат во гејминг индустријата имаат примена и надвор од играњето видео игри. Се користат и во медицината, се користат во градежната индустрија, се користат во рударската индустрија. Значи имаме еден широк дијапазон на намени и примени на она што се развива преку правењето видео игри.

-Гејминг индустријата е една од најголемите и најбрзо растечките во светот. Тоа што е интересно за таа индустрија е дека нејзината вредност во овој момент е колку филмската и музичката индустрија заедно. Тоа ни кажува дека има еден голем број на потрошувачи што се заинтересирани за таа индустрија и голем број на креатори, луѓе што сакаат и што можат да креираат во рамките на гејмингот.

-Се повеќе големи институции се придружуваат на индустријата. Студијата во Холивуд се сѐ повеќе отворени. Учествуваат познати актери, познати студија и едноставно креирањето на видео игри не е само нешто што е наменето за деца, туку има многу повеќе што да понуди за многу поголема, поширока публика.

Филип Георгиевски, специјалист за продажба во Семос едукација

-Интересен податок е дека технологиите што се користат во гејминг индустријата имаат примена и надвор од играњето видео игри. Се користат и во медицината, се користат во градежната индустрија, се користат во рударската индустрија. Значи имаме еден широк дијапазон на намени и примени на она што се развива преку правењето видео игри.

-Македонија има огромен потенцијал. Има многу заинтересирани, особено од помладите генерации, кои освен за играње сега се интересираат и како видео игрите всушност се прават. Тоа што е најпотребно во овој момент е квалитетна едукација на високо ниво, која може тие млади генерации да ги подготви да навлезат во светот на правење видео игри.

-Семос едукација веќе некое време соработува со партнери од оваа индустрија и заедно со нив се трудиме да ја унапредиме и самата програма, да бидеме во тек со времето, со побарувачката, да нашите студенти утре бидат вистински спремни да навлезат во индустријата и да бидат успешни.

Филип Георгиевски, специјалист за продажба во Семос едукација

-Толку многу можности постојат што ми се чини дека повеќе од половина од нашите академии ја опслужуваат оваа индустрија. И студенти кои не се само од Академијата за гејм дивелопмент, туку и од програмерските академии, од академиите што се занимаваат со дизајн можат да допринесат и тоа како во креирањето на видео игри.

-Она што е најважно да се знае е дека има можности во Македонија, има каде да се научи оваа професија и може да се успее. Имаме многубројни докази за тоа.

-Технологијата се менува и се унапредува. Ние сме во чекор со новите технологии. Бидете и вие.

Филип Георгиевски, специјалист за продажба во Семос едукација