Ахмети: Мицкоски со кучиња оди на лов на зајци, но не и на орли, орелот не се бори со кучиња

„Христијане, млад си, размисли добро. Не се соочуваш со скапоцени камења или краставици, туку со добро специјализирани кадри, тимови во сите области. Мицкоски со кучиња оди на лов на зајци, но не и на орли. Орелот не се бори со кучиња, слуги и негодници кои ги дресирате за да нè оцрните. Орли, летајте високо во синилото, кучиња, чувајте се од зајци“, порача Ахмети.

Конвенцијата на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Настанот започна со извици „УЧК, УЧК“ и видео-проекции со сцени од конфликтот во 2001 година.

Во својот обраќање лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати жестоки критики кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека со своите политики и изјави ги потценува правата на Албанците и внесува опасни поделби.

„Христијане, млад си, размисли добро. Не се соочуваш со скапоцени камења или краставици, туку со добро специјализирани кадри, тимови во сите области. Мицкоски со кучиња оди на лов на зајци, но не и на орли. Орелот не се бори со кучиња, слуги и негодници кои ги дресирате за да нè оцрните. Орли, летајте високо во синилото, кучиња, чувајте се од зајци“, порача Ахмети.

Со оваа порака тој го стави Мицкоски во фокусот на критиката, нагласувајќи дека неговите постапки само ја засилуваат мобилизацијата и обединувачкиот дух кај Албанците.