
Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“ за ТВ21 одговори на шпекулациите дека ќе нема гориво за автобусите на ЈСП. Тој рече дека неговата компанија и натаму ќе го снабдува ЈСП со гориво, и покрај тоа што имаат 10 милиони евра долг.
„Нема да има прекин на градскиот превоз. Пуцко Петрол ќе продолжи да го снабдува ЈСП со гориво, и покрај тоа што имаат долг од 10 милиони евра“, изјави Јахоски.