
Семејствата, роднини, пријатели на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ на Градскиот плоштад во Штип со палење свеќи им оддадоа почит на 62. жртви, меѓу кои и петмина штипјани.
Градскиот плоштад „Слобода“ полн со граѓани, кои со тага, болка и непребол им оддадоа почит на загинатите во најголемата трагедија во поновата македонска историја, која се случи точно пред шест месеци.
Семејствата на загинатите, порачаа дека вечерашниот настан е да им се испрати светлина на починатите во „Пулс“.
-Да им испратиме порака, да им испратиме светлина за да видат дека не се заборавени! Штип не заборава! Кочани, заедно сме со вас! Ѕвездено небо како порака дека светлината постои и во најмрачните денови, велат семејствата на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
Во оваа дискотека во Кочани на 16 март годинава животите ги загубија 62 млади луѓе, од кои поголемиот дел беа на возраст од 24 и 26 години.