
Касами: Имало обид за да се ангажираат групи да се запали џамијата на Попова Шапка
Имаме информации дека во предизборниот период има тенденции да се создадат меѓуетнички конфликти на целата територија, особено во западниот дел на државата, информира денеска тетовскиот градоначалник Биљал Касами.
Имаме информации дека во предизборниот период има тенденции да се создадат меѓуетнички конфликти на целата територија, особено во западниот дел на државата, информира денеска тетовскиот градоначалник Биљал Касами.
Според него, тоа е особено во западниот дел каде што мнозинско население се Албанците со посебен акцент во Тетово.
-Добивме информации од наши блиски и пријатели од соседните држави дека имало обид за да се ангажираат некои луѓе односно групи да се запали џамијата на Попова Шапка. Тоа ќе биде доволен индикатор дека нешто не е во ред во државата. Затоа ние ги собираме сите вакви информации и во следниот период ќе ги споделиме со нашите партнерски држави затоа што како членка на НАТО, секој ризик на безбедноста во Македонија е ризик на безбедноста на една држава членка на НАТО. Токму затоа сите држави кои се претставени во Mакедонија преку нивните амбасади се заинтересирани за да ни помогнат и да не дозволиме во овој предизборен период некои политички фактори да ги користат овие елементи за политички придобивки, изјави Касами.
Според Касами, има соработка со безбедносните служби со цел да се превенираат било какви инциденти.
-Ни укажуваат дека треба да бидеме поагилни, повнимателни затоа што има вакви обиди. Затоа во овој период повикуваме да нема поголемо собирање на луѓе без за тоа да бидат информирани и државните институции, особено на навивачките групи. Такви упатства се дадени за безбедносните служби да не дозволат да се соберат поголеми групи на млади затоа што во оваа ситуација тоа може да биде опасност за да ни се повторат немили ситуации како во блиското минато, рече Касами.
Овие информации Касами ги сподели по денешниот настан на кој Општина Тетово ја промовираше стратегијата за развој на туризмот во наредните четири години при што акцент става на развој на агро туризмот, односно на селскиот туризам во шарпланинските села.